Со концерт на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во салата на спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во петок на 17. јануари, започнува прославата на големиот христијански празник, Богојавление – Водици. Од организацискиот одбор најавија дека очекуваат над илјада капачи се пријавени за Водици.
Градоначалникот Никола Бакрачески кој годинава е еден од кумовите на манифестацијата, неодамна изјави дека подготовките за случувањето се при крај.
– На 18-ти и 19 јануари предвидена е богата програма во која е предвиден настап на познати охридски тајфи. Се надевам дека понудената програма ќе биде привлечна за гостите, домашните и странски кои годинава очекуваме да бидат најбројни– рече градоначалникот Бакрачески.
Од Општина Охрид, годинава за најмасовниот христијански празник Богојавление –Водици, празничната програма ја распределија на повеќе денови од 17-ти до 20-ти јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.