фото: МКД
Група од неколку десетици Македонци вчера отиде пред црквата Свети Димитрија во Скопје и спречи поголема група Бугари што сакаа со бугарски транспаренти и знамиња да присуствуваат на панихидата на Мара Бунева, јавува МКД.МК
За да се избегне поголем инцидент, мораше да интервенира и полицијата, која направи кордон пред црквата.
Меѓу граѓаните што не им дозволија на Бугарите да влезат во црквата беше и Предраг Петрушевски – Бинго, претседател на Здружението на бранители од Куманово.
„Не им дозволивме на бугарските граѓани што беа дојдени да провоцираат со политички пароли и со знамиња на друга држава да вршат пропаганда и да ја сквернават македонската православна црква Свети Димитрија. Тоа беше единствениот мотив на групата Македонци предизвикани од пишувања во бугарски медиуми дека тамошни граѓани се организираат за да дојдат на панихида во бугарска црква во Македонија. Решивме да ја спречиме таквата пропаганда, да ги освестиме и да им кажеме дека ако сакаат да влезат во македонската црква Свети Димитрија, треба да кажат дека влегуваат во македонска црква. Тогаш никој немаше да ги спречи. Но да влегуваат со транспаренти и со знамиња на туѓа држава и да го сквернават црковниот храм, тоа никому не би му го дозволиле“, вели Бинго.
Инаку, групата се организирала преку социјалните мрежи откако била револтирана со пишувањата на бугарските медиуми дека панихидата на Мара Бунева ќе се изврши во „бугарската црква Свети Димитрија во Скопје“.
Видео од овој настан на овој линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
На Халкидики продавале бебиња за 18.000 евра
-
Измамени Mакедонци: Им ветувал работа во Германија – ги оставил без пари на улица