Десет килограми квалитетна марихуана пронашла полицијата и фатила двајца осомничени дилери откако дел од дрогата била пронајдена во нивен автомобил. Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера во 3 часот запреле возило „лада нива“ на улицата „Љуботенска“ во Тетово. Во џипот се превезувале33-годишниот И.С од Долно Палчиште и 40-годишниот А.С од Мала Речица.
Нешто подоцна, со соодветна судска наредба и во непосредна координација со јавен обвинител, извршен е претрес во објект во Долна Лешница, кој го користел, односно во кој често престојувал 40-годишниот А.С. Во подрумот пронајдени се уште осум најлонски пакувања со марихуана, како и една дигитална вага.
Пронајдената дрога со вкупна тежина од 10 килограми и 374 грама е одземена и дадена на вештачење, додека двете лица со кривична пријава изведени се пред судија во претходна постапка, кој им определил мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.