Сораја Вучелиќ се нашла во многу непријатна ситуација кога го видела својот автомобил испишан со љубовни пораки со боја.
Српската старлета мисли дека знае кој ѝ го уништил автомобилот и дека поправката скапо ќе ја чини.
– Има еден млад дечко кој ме прогонува на социјалните мрежи и пишува дека ќе се убие доколку не се запознаеме. Претпоставувам дека тој го направил ова, но не ми е за тоа што ми го уништо автомобилот, туку тоа што знае каде се движам. Таа љубов ќе ме чини 3 илјади евра – вели старлетата.
Таа изјави дека нема да преземе ништо поради тоа, но ако продолжи, ќе мора да преземе некои мерки за да се заштити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.