| четврток, 6 декември 2018 |

На битолчанец му изгоре автомобилот

Битолчанецот Г.М. остана без својот автомобил „БМВ“ откако утринава околу 5 часот возилото изгорело на паркингот пред неговата зграда.

Според полицијата, пожарот се случил на улицата „Ружа Делчева“ во Битола каде возилото било паркирано.

По пријавата на соседите противпожарни екипи излегле на лице место и го изгаснале опожареното возило.

Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top