| четврток, 6 декември 2018 |

Макарова си има победнички рецепт за Венус Вилијамс

Руската тенисерка Екатерина Макарова си има победнички рецепт за Венус Вилијамс и повторно ја исфрли од игра за титулата на Австралија опен, овојпат веднаш на стартот од гранслем турнирот. Макарова ја победи 7-кратната гранслем шампионка со 2-6, 6-4, 6-4.

Пред две изданија на ценетиот турнир, Макарова го стори истото и ја елиминира Венус, тенисерка што е една од највлијателните и најтрофејни во историјата на тенисот.

Клучен за исходот беше лошиот сервис на Вилијамс во средината на вториот сет, кога со 3 двојни сервис грешки во серија, и дозволи на противничката да направи брејк и потоа и да израмни на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет до израз дојде подобрата физичка подготвеност на помладата Макарова, која повторно најде лек за 33-годишната Венус и пак ја елиминира од Австралија опен.

Неуспешен кам-бек во Мелбурн имаше Вера Звонарева, некогашната второрангирана светска тенисерка. Поради повреди Русинката не играше цели 17 месеци, а кам-бекот на гранслем турнирите и го расипа Кејси Делаква со триумф од 6-2, 6-2. На машкиот дел од турнирот немаше големи изненадувања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top