| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните можат да ги откупат становите добиени од државата

stanovi

Граѓаните кои живеат во „државни станови“ од утре може да поднесат барање да ги откупат становите кои ги добиле од државата по основа на ниски приходи. Цените по кои може да ги откупат становите ќе бидат поволни.

Оние кои нема да ги откупат ќе плаќаат закупнина и тоа пониска или социјална доколу спаѓаат во ранливи категории граѓани, и комерцијална доколку не се во овие категории. Средствата од продажбата ќе се користат за изградба на нови станбени единици со кои државата ќе го реши прашањето за домување на други категории граѓани.

Оваа одлука, според министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ја донела Владата во консултација и одобрување од Банката за развој при Советот на Европа, со која е првично реализиран „Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи ФП 1340“. Одлуката е донесена поради големиот интетрес на граѓаните за откуп на овие станови.

Становите ќе можат да се купат во готово или со уплата на 30 проценти од проценетатат вредност на станот, а останатите средства да се иплатат на 240 рати. Во Македонија има 850 вакви станови во повеќе градови. Најмногу има во Скопје и во Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top