Водечките екипи во Серија А, Јувентус, Рома и Наполи забележаа уверливи победи во 19 коло, зачинети со два еврогола на Флоренци и на Маркизио.
Лидерот Јувентус имаше негатива од 0-1 против Калјари на гостински терен, но на крајот славеше со 4-1. Швајцарскиот репрезентативец Лихштајнер одигра брилијантен меч и постигна еден погодок со две асистенции до Љоренте кој беше двоен стрелец. Сепак најубавиот момент на мечот е ремек-делото на Маркизио, кој стрелаше прецизно со топовски удар од 30-на метри за пресврт и водство на „старата дама“ од 2-1. Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими не доби шанса да настапи и остана на клупата за резерви.
Рутински и Рома ја декласира Џенова со 4-0, а голот со ножички на Флоренци за 1-0 е за вистинско фудбалкско уживање. Потоа и Тоти, Мајкон и Бенатја беа прецизно за „римската волчица“ која го сочува второто место со 44 бода, 8 помалку од Јувентус.
На третата позиција остана Наполи и покрај победата од 3-0 против Верона на гостински терен. Горан Пандев играше до 67 минута, кога беше заменет од Инсиње при резултат 1-0 за Наполи. Стрелци за гостите беа Мертенс, Инсиње и Џемаили.
Наполи е на трета позиција со 42 бода.
Резултати: Торино – Фиорентина 0-0, Калјари – Јувентус 1-4, Рома – Џенова 4-0, Верона – Наполи 0-3, Аталанта – Катанија 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот


