| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје магла, на Водно пролет (фото)

Неколку илјади скопјани кои викендов останаа во градот, го искористија неделното претпладне да избегаат од загадениот градски воздух и да поуживаат во пролетните температури на врвот на Водно.

Додека Скопје беше обвиен во магла дури до средно Водно…
Vodno1

Vodno2

Само неколку метри погоре, можеше да се види сосема друга слика.
Vodno4

За до врвот во колони се чекаше ред кај жичницата.
Vodno3
А кај Милениумскиот крст вистинска пролет.

Vodno5

На прекрасното сонце најмногу му се радуваа најмладите.
Vodno6
Прекрасната глетка од Милениумскиот крст кон градот овој пат не можеше да се долови, но тоа се надокнади со чистиот воздух и ведрото време.
Vodno7 Vodno8 Vodno10 Vodno11 Vodno12 Vodno13

Единствената лоша слика можеше да се забележи покрај контејнерите каде што може да се види дека дел од посетителите не знаат да ја ценат природата.
Vodno17

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top