| четврток, 6 декември 2018 |

Измени во кривичниот закон за еднаква положба на граѓаните пред судовите

aleksandargjorgjiev1_25

Владата на Република Македонија воведува сериозна реформа во рамки на кривичниот законик со која граѓаните ќе бидат во еднаква положба пред судовите односно за исто кривично дело ќе биде изречена иста затворска казна.

Досега во рамки на кривично правниот систем се забележани голем број на аномалии кои ги доведуваа граѓаните во нееднаква положба пред судиите.

Едни судови изрекуваа поблаги, а некои построги санкции за исто кривично дело. Со измените во кривичниот законик сите граѓани ќе бидат еднакви.

Според измените во кривичниот законик, претседателот на Врховниот суд ќе ги донесува условите за пресудите по претходно мислење од адвокатската комора.

-По стапувањето во сила на овие измени во рок од 30 дена претседателот на Врховниот суд ќе треба да го донесе правилникот со кој ќе се спречи или стесни просторот за манипулации и некоректно однсување на било која странка во едно судење – изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев додаде дека тоа се сериозни чекори за подобрување на оваа материја со која Македонија ќе претставува лидер во судството не само во регионот, туку и пошироко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top