По повод празникот Василица, Македонската опера и балет традиционално и оваа година, вечер и утревечер ќе го одржи концертот „Филмски ноти“ под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.
Ќа настапат врвни оперски солисти, естрадни ѕвезди и хорот и оркестарот на Операта и
Балетот, кои ќе изведат познати музички нумери од популарни филмови, „Кум“, „Коса“ „Дух“, „Маската на Зоро“, „Телохранител“ и други.
Публиката ќе има можност на сцената да ги види првенката на Операта Весна Гиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Владимир Саздовски, Наде Талевска, Олгица Христовска, Олгица Милевска, Ламбе Алабаковски, Тамара Тодевска, Влатко Лозановски-Лозано, Горан Наумовски, Ѓоко Таневски, Верица Пандиловска, Андријана Јаневска, Елена Петреска, Маја Гроздановска-Панчева, Ана Мицковска, Дејан Бобиќ-Дексо и Александра Јанева.
Концерт мајстор е Верица Ламбевска, а музички продуцент Горан Наумовски.
Македонската опера и балет веќе 25 години ја одржува традицијата на одбележување на
празникот Василица со пригоден концерт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.