Владите на Албанија и Косово, предводени од премиерите Еди Рама и Хашим Тачи, денеска во Призрен ја одржаа својата прва заедничка седница.
Седницата започна со воведно излагање на Тачи кој на присутните им се обрати со зборовите: „Добре дојдовте во нашиот заеднички дом“, алудирајќи на Призрен, каде во 1878 година е формирана организацијата Призренска лига, која се залагала за создавање албанска држва, која би ги опфаќала сите територии на кои живеат Албанци.
– Средбата на нашите две влади на ова свето место на создавањето на албанската нација е доказ дека напорите, потта и крвта на нашите херои од сите времиња дадоа плод – нагласи Тачи, оценувајќи дека седницата претставува „ново поглавје за Косово, Албанија и целиот регион“.
Според Тачи, двете Влади ќе „преземат историска одговорност да се грижат за сонародниците во регионот и да ги зацврстат врските со албанската дијаспора“.
За таа цел тој најави дека Албанија и Косово ќе формираат и „Фонд за економски развој на Прешевската Долина“, односно за трите општини во јужниот дел на Србија – Прешево, Медвеѓа и Бујалновац, каде мнозинството од жителите се Албанци. Албанскиот премиер Рама, од своја странам истакна дека она што ги поврзува двете влади е „заедничкиот стремеж за интегрирање на Албанците во обединета Европа“.
– Ние сме повеќе од две соседни држави. Поголемиот дел од нашите граѓани и припаѓаат на една нација со заеднички јазик, култура и традиции – нагласи Рама.
Првaта заедничка седница на албанската и на косовската влада заврши со потпишување на договори за билатерлна соработка во областа на трговијата, транспортот и евроинтеграциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации