| четврток, 6 декември 2018 |

„Фолксваген“ со рекордна продажба во 2013 година

Најголемата автомобилска индустрија во Европа, германскиот концерн „Фолксваген“, лани продал повеќе од 9,7 милиони возила, што претставува најголема продажба на групацијата во нејзината историја.

„Фолскваген“ лани забележал раст на продажбата од пет проценти во однос на 2012 година кога концернот продал 9,3 милиони возила.

– Имајќи ги предвид тешките пазарни услови во целиот свет, „Фоксваген“ оствари многу добар резултат – изјави претставникот на концернот Кристијан Клингер.

Растот на продажбата најмногу се должи на солидните резултати на „Фолскваген“ на кинескиот пазар, каде што лани биле продадени 3,27 милиони возила, што претставува зголемување за 16 проценти во однос на 2012 година.

Концернот „Фолксваген“ има 48 погони низ целиот свет, во кои секојдневно се произведуваат по околу 26.000 автомобили. Во состав на концернот се марките „фолксваген“, „ауди“, „шкода“, „бентли“, „бугати“, „ламборгини“, „порше“ и „сеат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top