Во фабрика на германската автомобилска компанија „Фолксваген“ во градот Баунтал еден човек смртно настрада кога роботот од производствената линија го зграпчил и го удрил во метална плоча.
– Загинатиот маж (22) не бил вработен во „Фолксваген“, туку дел од тимот кој го составувал роботот, изјави портпаролот на фабриката Хеико Хилвиг.
Тој посочи дека прелиминарните резултатите од истрагата покажале оти за причина за несреќата е човечка грешка, а не проблем со роботот, кој може да се програмира да врши различни задачи во производствениот процес.
Хилвиг додаде дека роботот бил задолжен да зема автоделови и да ракува со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца