| четврток, 6 декември 2018 |

Електричен автомобил, кој минува 100км за 57 денари, од денес и во Македонија

E-up! vo Porsche Makedonija - salon Volkswagen

Најекономичното возило на светскиот пазар и предвесник на иднината во автомобилската индустрија, Volkswagen e-up! од денес е достапно и на македонскиот пазар. Се работи за комплетно електричен автомобил кој не троши гориво и не испушта штетни гасови. Со него може да се минат 100 километри за 57* денари, поради што е прогласен за светски шампион на полето на ефикасноста.

Пријател на животната средина, но и на буџетот на секој возач, e-up! се движи речиси без никаков звук. Иновацијата која го фасцинира автомобилскиот свет, денес, беше промовирана во салонот Volkswagen на „Порше Македонија“, компанија која е ексклузивен импортер за возилата од најголемиот европски производител – Volkswagen.

Generalniot menadzer na Porsche Macedonija Zlatko Mucunski i produkt menadzerot Aleksandar Cvetkovski na promocijata na Volkswagen e-up!

– „Порше Македонија пишува ново подглавје во мобилноста на македонскиот автомобилски пазар со 0 емисии на штетни гасови. Нашиот долгорочен план го започнуваме со 5 целосно електрични возила од Volkswagen и со тоа придонесуваме кон поздрава животна средина и максимално економична мобилност. Сите општествено одговорни институции, компании, здруженија и поединци можат во „Порше Македонија“ да најдат партнер од доверба во создавањето на мобилноста од иднината и поздрава животна средина“ – потенцираше генералниот менаџер на „Порше Македонија“ г-дин Златко Муцунски, на презентацијата на електричните e-up! возила.

Volkswagen e-up! е прво електрично возило на производителот од Волфсбург, кој ги поставува стандардите во издржливоста на автомобилите, иновативниот дизајн и напредните технологии кои се еден чекор пред своето време. Автомобилот e-up! за првпат беше претставен на саемот во Франкфурт и ги воодушеви посетителите и експертите со својот уникатниот надворешен изглед, внатрешниот комфор, еколошкиот пристап и одличните перформанси.

E-up! vo Porsche Makedonija - salon Volkswagen 1

Со e-up!, Volkswagen направи пионерски влез во сериско производство на возила со целосно електричен погон, автомобилот има четири седишта и гарантира удобно возење и безбедност. Возило е скроено за гратско возење, но е одличен избор и за подолгите патишта Тоа е автомобил за секојдневна употреба, со импресивно висок вртежен момент од 210 Nm. Volkswagen e-up! е тивок и не губи моќ при менување на брзините. Volkswagen e-up! има електричен мотор кој обезбедува максимална моќност од 60 kW / 82 КС, a тежи само 1.139 килограми. Автомобилот забрзува од 0 до 100 km / h за 12.4 секунди и ја постигнува максималната брзина која изнесува 130 км / ч. Со својата литиум – јонска батерија од 18.7 kWh, која има 8 години гаранција, при оптимални услови автомобилот може да помине приближно 160 километри. Тоа значи дека не го оптоварува семејниот буџет и троши само 57* денари на 100 километри.

– Volkswagen e-up! може да се полни со 2,3 kW приклучок на секој стандарден електричен приклучок со 230V. Приклучокот од 3,6 kW може да се инсталира во секој дом, додека пак за да се употреби приклучок од 40 kW потребна е станица за брзо полнење. Во вториот случај, батеријата се полни до 80% за помалку од 30 минути. Местото за полнење на батеријата е поставено на истото место како и кај стандардните модели, под поклопецот за гориво. Во идеален случај e-up! може да користи електрична енергија од обновливи извори и на тој начин ќе биде 100% CO2 неутрален – изјави г-динот Александар Цветковски продукт менаџер во „Порше Македонија“ објаснувајќи ја напредната технологија на целосно електричното возило Volkswagen e-up!

Стилот на e-up! е суптилен и го изразува високиот квалитет. Една карактеристична и важна функција на надворешноста е закривениот изглед на LED дневните светла кои се поставени во предниот браник. Покрај тоа, предниот дел, праговите и подвозјето се аеродинамично оптимизирани. Volkswagen e-up! од надвор изгледа атрактивно со своите машински полирани 15-инчни алуминиумски тркала и со логото Volkswagen e-up! со сина позадина кое е поставено на задниот дел. Во внатрешноста e-up има карактеристични светло сиви прекривки на седиштата со шевови во сина боја.

Специјална кожа и хромираните детали целосно се совпаѓаат со концептот на урбан електричен автомобил.

*Во Македонија според просечната цена на електричната енергија за домаќинствата e-up! би трошел 57 денари на 100 km. Во цената е пресметано: просечната цена по kWh (скапа тарифа и евтина тарифа) , цената за ангажирана моќност и данокот на додадена вредност. Цените се преземени од www.evn.mк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top