Постои едноставен и ефикасен начин со чија помош ќе го намалите нивото на стрес, депресија, но и болки.
Откако ги проучиле резултатите на претходните 47 истражувања, професорото Џонс Хопкинс и неговиот стручен тим дошле до заклучок дека медитацијата ја намалува анксиозноста, депресијата и стресот, и тоа подеднакво ефикасно како и антидепресивите.
Нивните анализи се објавени во списанието „Journal of the American Medical Association Internal Medicine“.
Постојат разни видови медитација, но нивната заедничка цел е постигнување хармонија и рамнотежа на умот и телото. Најефикасна се покажала медитацијата на вниманието, за време на која фокусот се става на сегашниот момент.
Медитацијата треба да се практикува 30 до 40 минути дневно, за што побрзо да се покажат резултатите, односно позитивните чувства и опуштање на умот и телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


