| четврток, 6 декември 2018 |

Уплатете 10 долари и Џорџ Клуни е ваш

Ако некогаш сте сонувале за состанок со Џорџ Клуни, можеби ова е вашата прилика.

Популарниот глумец реши да се стави себе си на „продажба“ за да собере што е можно повеќе средства за одржување на сателитот кој го изнајми со цел да го шпионира суданскиот диктатор Омар ал Вашир.

Наводно, со уплата од 10 долари на сајтот „Omaze“, учествувате во лотарија, а среќниот добитник ќе добие вечера со Клуни, но со вечниот заводник, ќе гостува и во шоуто на Дејвид Летерман.

А покрај вечерата победникот ќе се појави и на црвениот тепих со актерот на премиерата на неговиот најнов филм „The Monuments Men“, а во аражманот се вклучени и авионски карти и преноќување во елитен хотел се тоа за двајца. Уплаќањето на 10 долари трае до 30 јануари оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top