| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ со пресврт до трите бода против Ајачио

Екипата на ПСЖ со пресврт го совлада Ајачио со 2:1 во првиот натпревар од денешната понуда на 20. коло во фудбалскиот шампионат на Франција.

Последно пласираната екипа на табелата Ајачио на радост на домашната публика со голот на Едуардо уште во 6-тата минута поведе со 1:0, сепак не успеа да направи изненадување во дуелот со лидерот на табелата.

Триумфот и новите три бодови на П.С.Ж. му ги донесоа Лавеци и Матуиди со головите во 41-та и 74-минута.

Со оваа победа, но и нерешениот резултат на Монако кој вчера на гостувањето кај Монпеље одигра 1:1, екипата на П.С.Ж. сега има 5 бодови повеќе во однос на второпласираниот Монако.

Останатите натпревари закажани за вечерва ќе започнат од 20 часот, а двојките ги сочинуваат: Валенсиен – Бастија, Рен – Ница , Олимпик Лион – Сошо, Гингамп – Сент Етијен и Бордо – Тулуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top