| четврток, 6 декември 2018 |

Нашите ракометари пристигнаа во Софија

По проблемите кои утринава ги имаа со полетувањето од скопскиот аеродром, нашите ракометари предмалку пристигнаа во Софија од каде треба да полетаат за Данска, па така сосема извесно е дека македонските ракометари ќе го пропуштат терминот за вечерашниот прв предвиден тренинг во Хернинг, пренесува „Канал 5

За разлика од македонската репрезентација, нашите противници во првата фаза на натпреварувањето веќе одработија по неколку тренинзи.

Селекцијата на Австрија која од завчера е во Данска попладнево го одработи и третиот тренинг додека Чесите досега двапати тренираа во Хернинг.

Единствената можност нашите ракометари да се запознаат со „Јуске бокс арена’’ пред утрешниот дуел со Данска ќе биде утре наутро од 11 часот за кога е предвиден терминот за одржување на едночасовен тренинг на репрезентацијата на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top