| четврток, 6 декември 2018 |

Евертон и Тотенхем сигурни, Вест Хем побегна од дното

Денеска од 16 часот се одиграа 5 натпревари од 21 коло од Премиерлигата. Домашните тимови беа успешни и запишаа три победи, додека пак на гостински терен само две екипи успеаја да слават.

Вест Хем како гостин ја совлада екипата на Кардиф со резултат од 2-0 (1-0). Стрелец на првиот гол беше Карлтон Кол во 42 минута. Иако последните 20 минути ги играа со играч помалку, фудбалерите на Кардиф не успеја да дојдат до бод на овој натпревар. Во судиското надополнување тие го примија и вториот гол за конечни 2-0, стрелец беше Нобл.

Евертон беше сигурен на неговиот „Гудисон парк“ и со победата на Норич со 2-о дојде до единаесетиот првенствен триумф. Натпреварот го отвори Герет Бери со одличниот гол во 23 минута. Конечниот резултат го постави Кевин Миралас во 59 минута. Иако беа поразени, фудбалерите на Норич пружија жесток отпор на натпреварот.

Тотенхем на негов терен го совлада Кристал Палас со резултат 2-0. Гостиѕе имаа феноменална прилика да дојдат во предност уште во 8 минута, но Панчеон се обрука по катастрофално изведениот пенал. Покрај неколкуте шанси првото полувреме заврши нерешено. На самиот почеток од вториот дел Тотенхем поведе со 1-0 со голот на Кристијан Ериксен. Конечните 2-0 ги постави Дефо.

Во натпреварот кој се одигра во 13:45, Челси на гостински терен ја совлада екипата на Хул со резултат од 2-о.

Резултати:

Кардиф Сити – Вест Хем 0:2, Евертон – Норвич 2:0,  Фулам – Сандерленд 1:4, Тотенхем – Кристал Палас 2:0 и Саутемптон – Вест Бромвич Албион 1:0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top