| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката полиција уапси Македонец, за грабежи во цркви, продавници и автомобили

За грабежи во цркви, продавници, кражби на автомобили ќе одговара 44-годишен македонски државјанин кој завчера беше уапсен во Кукуш. Македонецот имал и соучесник, 35-годишен сограѓанин, кој се уште е во бегство.

Како што пренесува „Канал 5“ тие заедно, од август минатата година правеле пустош во регионот на Кукуш. Украдените автомобили, ги користеле за да стигнат до грчко – македонската граница, каде што и ги оставале.

Македонецот бил уапсен во четвртокот во близина на Кукуш, по извршени 2 кражби, во стан и продавница, а за истото дело се бара и соучесникот.

– На регионалниот пат во близина на Кукуш, полицијата забележа камион во кој се превезуваа двете лица и со помош на светлосна и звучна сигнализација се обиде да ги запре за да изврши контрола, но возачот не застана, по што следеше потера. Двајцата патници го напуштија возилото во рурална област кај Кукуш и побегнаа пеш, по што беше уапсен 44-годишниот – соопштуваат од грчката полиција.

По претресот и пронајдените предмети, откриле дека тие му припаѓаат на лицето во чиј дома претходно провалиле, додека камионот бил исто така украден. Грчката полиција уапси Македонец, помладиот избегал и по него се трага.

За грабежи во цркви, продавници, кражби на автомобили во над 16 случаи ќе одговара 44 годишен македонски државјанин кој завчера беше уапсен во Кукуш. Македонецот заедно со 35 годишен сограѓанин, кој се уште е во бегство, од август минатата година правеле пустош во регионот на Кукуш.

Полициската истрага покажала дека уапсениот Македонецот и неговиот соработник од август 2013та:

– украле 9 автомобили, од кои повеќето ги оставиле веќе следниот ден по грабежот
– ограбиле цвеќара, од која одзеле 710 евра и предмети во вредност од 1200 евра
– од грабежот во кафе бар си заминале со 50 евра
– додека пак 4 пати ограбиле 4 различни цркви во регионот на Кукуш, првиот пат заминале со 1000 евра, од парите кои верниците ги оставаат за свеќи, вториот пат со 228 евра, третиот пат и не бил многу „богат пленот“ бидејќи си заминале со само 8 евра, додека пак во друг случај одзеле различни златни предмети од икона.

Истрагата на полицијата не запира тука, бидејќи се проверува дали нашинецот извршил и други кражби. По апсењето, 44 годишниот македонски државјанин ќе одговара пред обвинителството во Кукуш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top