На денешната прва заедничка средба на владите на двете земји која се одржа во Призрен, двајцата премиери Хашим Тачи и Еди Рама, упатија порака, границата помеѓу Косово и Албанија останува непроменета. Покрај тоа во Спомен куќата во Призрен каде што е одржана Призренската лига, потпишале и повеќе договори.
Како што јави дописникот на Макфакс, биле потпишани Спогодба за стратешка билатерална соработка , потоа Спогодба за олеснување на трговската размена, Спогодба во сферата на сообраќајот и инфраструктурата и документ за продлабочување на соработката за евро интеграции.
Воедно е донесена и одлука на двете влади за формирање на Фонд за развој на Прешевската долина.
Премиерот на Албанија Рама изјави дека првата заедничка седница на двете влади претставува камен темелник во економската соработка.
„Заедничката средба во Призрен се потпира на четири клучни столбови -надворешната политика, внатрешните состојби и во сферата на економијата и образованието“, додаде Рама.
Тој рече дека границата помеѓу Косово и Албанија останува непроменета. Косовските медиуми јавија дека пораката на двата премиера била дека нема промена на границите и нема обединување на Косово кон Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Еди Рама им опцу на Србите (видео)
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба