| четврток, 6 декември 2018 |

Нов стравичен пад на снег, ски-скокачот Моргенштерн тешко повреден (видео)

Нов стравичен пад во спортовите што се одржуваат во зимски услови на снег, се случи во Бад Митендорф во Австрија, а тешко настрада трикратниот олимписки шампион во скијачки скокови Томас Моргенштерн. Тој загуби контрола во лет и падна на глава, по што заврши во болница во Салцбург со тешки повреди.

morgi

Лекарите информираа дека за среќа сепак не се работи за повреди што го загрозуваат животот на Моргенштерн и тој е контактибилен.

„Повредите на Моргенштерн не се опасни по живот, но сепак се опасни и тој мора да опстане во болница уште извесен период“, изјави Јозеф Обрист, директорот на клиниката во Салцбург.

morgi 1

Популарниот Морги на почетокот на годинава имаше одлични настапи на Новогодишната турнеја, наречена „Четири скокалници“ и заврши како второпласиран во Генералниот пласман.

morgi 2

Тој имаше незгоден пад и на 15 декември, лани во Нојштад, Германија, но мина со полесни повреди.

morgi 3

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top