| четврток, 6 декември 2018 |

Алан Мјулејли-човекот што го одби „Мајкрософт“

Алан Мјулејли, претседател на управата на американскиот автомобилски гигант „Форд“, соопшти дека нема да ја напушти компанијата за да му се приклучи на „Мајкрософт“, објави „економски лидер“. Со ова, тој му зададе удар на американскиот софтверски гигант, кој во моментов е во потрага по наследник на претседателот на управата, Стив Балмер, кој најави дека заминува во пензија.

-Сакам да прекинат шпекулациите дека ќе преминам на лидерската позиција во „Мајкрософт“, бидејќи немам други планови освен да продолжам да раководам со „Форд“, соопшти Мјулели.

Како што пишува „Блумберг“, шпекулациите околу преминот на Мјулејли во „Мајкрософт“ почнаа пред еден месец, поради добрите резултати кои тој ги оствари во Форд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top