| четврток, 6 декември 2018 |

Никол Ричи повторно во битка со анорексијата

Никол Ричи,  актерка и модна дизајнерка, повторно води борба со аноресијата, објави порталот „Фешнел“. Таа почна да ги шокира луѓето со својот екстремно слаб илглед, а магазинот „Стар“ ја стави на насловна страна која доволно кажува дека Ричи не се излечи комплетно. Ѕвездата, која е мајка на две деца, според пишувањата на магазинот, се храни само со семки од сончоглед, а наводно нејзиниот сопруг прави се како да ја врати нејзината телесна состојба во нормала. Наводно, пријателка на Никол тврди дека таа се задоволува само со семки и сокови. Инаку, на Никол Ричи не и е прв пат да се лечи од оваа болест, од која еден период закрепна, но по се изгледа не целосно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top