| четврток, 6 декември 2018 |

Руската православна црква со рефендум против хомосексуалците

ruska pravoslavna crkva

Руската православна црква (РПЦ) денеска предложи распишување на референдум за забрана на врските меѓу лицата со ист пол и покрај притисокот на Западот Русија да ги заштити човековите права пред Зимските олимписки игри во Сочи.

Предлогот на РПЦ всушност е одговор на дебатата во Русија дали Кремљ треба повеќе да се заложи за одбрана на традиционалните вредности, соочувајќи се со притисокот од Европската унија и САД.

Портпаролот на РПЦ, Всевилод Чапљин наведе дека анкетите покажуваат оти за над една третина од Русите хомосексуалноста е болест.

– Убеден сум дека таквите сексуални контакти треба во целост да се исклучат од нашето општество. Ако тоа успеме да го направиме со морален притисок, дотолку подобро. Но, ако мораме да побараме помош од законот, тогаш ајде да го прашаме народот дали е подготвен за тоа, посочи Чапљин.

Советскиот Сојуз во 1934 година го прогласи одржувањето на хомосексуални врски за криминално дело. Постсоветска Русија ја укина забраната во 1993 година, но правата на хомосексуалците и понатаму се спорна тема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top