Зар бравар можел да свири совршено на клавир, да мачува совршено и да танцува како благородник, да игра шах и со леснотија да го чита и цитира Кант? Поради ова се појави теорија на заговор која вели – Поранешниот југословенски претседател Тито не бил Јосип Броз, кој е роден во Кумровец 1892 година, туку неговиот една година постар полубрат,пишува српски Курир.
Мајката на Броз Марија Јавершек, која била Словенка од Подсред, работела во Виена како слугинка кај богат полски Евреин Самуел Мајер, сопственик на фабрика за медицински протези.
Од нивната љубовна врска на 7 мај 1981 година се родил синот Јошуа (Франц) Амброз Мајер.
Јошуа израснал во царска Виена и се образувал во најдобрите училишта на германски јазик. Завршил музичко училиште како одличен пијанист, кој добро ги изведувал делата на Верди и Шопен во своето одделение, учел да танцува и имал неверојатно добро држење и умствени способности.
Образованието го продолжил во Австриско царската воена академија во Унгарија во истото одделение со идниот водач на Третиот Рајх Адолф Хитлер!
Од друга страна вистинскиот Тито – бравар имал ограничени умствени способности затоа и го пратиле во браварско училиште.
Бил ситен, немал држење, не знаел да танцува ниту имал прилика роден во сиромашно семејство да свири клавир. Именo неговата мајка Марија Јавершек во меѓувреме се вратила на сопругот во Кумровец.
Вистинскиот Јосип Броз се родил на 21 мај 1892 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.