Титулите од Ролан Гарос во Париз, а потоа и двете од Монте Карло и Синсинати се топ-приоритети за најдоброрангираниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ за 2013 година.
Круната од отвореното првенство на Франција е единствената од гренд-слемовите што српкиот тенисер ја нема во низата од 4 најценети светски турнири. Новак има 4 титули на Австралија опен и по една од Вимблдон и САД опен.
Тој има едно финале на Ролан Гарос, но загуби од Рафаел Надал, а на двата останати престижни турнири од мастерс серијата што ги нема освоено, загуби дури 6 финалиња. Во Монте Карло, каде Ѓоковиќ е со постојан престој на двапати беше поразен од Надал, а во Синсинати дури 4 пати го губеше завршниот меч за трофеј.
-Најважно е да бидам здрав, и да играм добро. Секако посебно чувство е кога ќе освоите нешто што досега го немате. На врвот на приоритетите ми е круна од Ролан Гарос, а секако дека би сакал да ги освојам и Монте Карло и Синсинати – изјави Ѓоковиќ за српската агенција Танјуг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


