| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанецот Пепе Мел нов тренер на Горан Попов во Вест Бромвич Албион

Шпанскиот стратег Пепе Мел потпиша 18-месечен договор со Вест Бромвич Албион и ќе му биде нов тренер на македонскиот репрезентативец Горан Попов. За левиот бек од Македонија тоа ќе биде шанса да се обиде да го продолжи престојот во Англија и во силната Премиер-лига, како единствен наш фудбалер на островот.

Мел долго преговараше со раководството на ВБА, а ќе дебитира на клупата на клубот од Бирмингем на 20 јануари, на мечот против Евертон. Дотогаш тимот ќе го води Кејт Даунинг, кој привремено го менува Стив Кларк, менаџерот што доби отказ. Кларк беше човекот што го донесе Попов како играч на заем во ВБА од Динамо Киев. Договорот на двата клуба за заем на 29-годишниот струмичанец завршува во овој преоден рок, а, според британските медиуми, слаби се шансите Попов да остане во ВБА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top