Бранислав Ангеловски
роден: 2.21.1977 година
тежина: 85 кг
висина: 192 см
клуб: РК Констанца
позиција: централен бек
Бранислав Ангеловски досега настапувал за екипите на РК Вардар, РК Пролет, РК Загреб, РК Пелистер, РК Металург, РК Тулуз, а моментно го носи дресот на романскиот клуб Констанца. Ангеловски има одиграно 80 натпревари во националниот дрес и постигнато 152 гола.
Во разговорот за „Република“, на прашањето какви се шансите на македонската репрезентација, тој вели дека не е коцкар, никогаш не се обложува, но ако реално ги погледнеме нашите шанси, можеби во првите осум е реална цел.
– Ќе бидам нереален ако кажам да се повтори успехот од пред две години, но мислам дека првата фаза мораме да ја поминеме, тоа е за очекување, доволно сме искусни да го направиме тој чекор. М0жеби да бевме комплетни ќе имавме шанса за медал, вака е илузорно да разговараме за таква работа. Секој натпревар е нов ден, таму има четири или пет репрезентации што атакуваат на златен медал и сигурно некоја од тие репрезентации ќе остане разочарана – изјави Бранислав Ангеловски.
Целиот разговор погледнете го на следниот линк на „Република ТВ“.
Слушнете ги предвидувањата и очекувањата на Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски,
Ванчо Димовски, Никола Митревски, Немања Прибак, Борко Ристовски и Аце Јоновски.
Разговараше: Владо Оцевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.