| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен адвокатот Кирил Смичковски, еден од бранителите во „Раштански Лозја“

idrizovo-zatvor-D-Andonovski_07

Полицијата го приведе адвокатот Кирил Смичковски  и го спроведе на издржување затворска казна во Идризово.

Адвокатот е осуден на 2 години затвор за делото измама и ќе ги издржува во затворот во Идризово. Смичковски како адвокат се прослави во случајот „Раштански Лозја“, кога успешно го одбрани својот клиент Бобан Утковски, поранешен заменик-команадант на „Лавовите“ од обвинението дека учествувал во ликвидацијата на петтемина пакистански илегалци кај Раштански Лозја.

Полицијата го спровела откако пресудата на скопскиот суд  вчера станала правосилна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top