| четврток, 6 декември 2018 |

Јаја Туре повторно најдобар африкански фудбалер

Трет пат по ред, потполно оправдано и очекувано, за најдобар играч на Африка е прогласен играчот од средниот ред на Манчестер сити, Јаја Туре.

Оваа титула му беше доделена на манифестацијата која ја организира Африканската фудбалска конфедерација во Нигерија.

Помладиот од браќата Туре триумфираше пред репрезентативецот на Нигерија, Џон Оби Микели, и пред напаѓачот на Галатасарај, Дидие Дрогба.

Пред Јаја Туре само на Самуел Ето му тргна од рака да биде трипати по ред прогласен за најдобар фудбалер на црниот континент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top