Денеска е светски ден на насмевката. Според истражувањата, децата дневно се смеат по 300 пати, а возрасните се смеат само 17 пати на ден.
Денот на смеењето го иницирал докторот Катарија во 1998 година. Со смеењето, сметаат научниците, се ослободуваме од стресот, а ја намалуваме и депресијата и го зајакнуваме имунитетот. Исто така, истражувањата покажале дека жените почесто се смеат од мажите. Во Германија, пак, е основано првото училиште за смеење каде што се учат начините како да се смееме позитивно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.