| четврток, 6 декември 2018 |

Мијалков го тужи „Фокус“

Директорот на УБК, Сашо Мијалков го тужи деневниот весник „Фокус“ поради нарушување на честа и на угледот, инофмираат од адвокатската канцеларија Апостолски, која е негов правен застапник

E36F668A412434499D4C8913F33C888Bm

Мијалков на суд ќе бара 27.000 евра од новинар на „Фокус“, уредниците, како и од поранешниот амбасадор Игор Илиевски за текстовите со наслов „Избегав поради притисокот од Сашо Мијалков“ и „Амбасадата во Чешка под закана за бомби, МНЕ не мрда со прст“.

– Ноторна лага е тоа што е објавено во дневниот весникот. Ова ги преминува сите граници на пристојност и клиентот Сашо Мијалков се реши на тужба бидејќи не постои друг начин да се спречи злоупотребата на некои лица да изнесуваат лаги и невистини за него.

Тоа што беше објавено во два броја едноподруго на дневниот весник „Фокус“ е апсолутна невистина и ние поднесовме тужба за клевета според новиот Закон за граѓанска одговорност за навреда и за клевета – изјави Антонио Апостолски, адвокат на Мијалков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top