Во кафе-книжарницата „Магор“ вечерва тројца врвни македонски музичари ќе приредат џез-вечер. Љубителите на џезот вечерва ќе го проследат настапот на: Зоран Костадиновски – гитара, Џоле Максимовски – бас и Михаил Парушев – тапани.
Михаил Парушев е тапанар во култните македонски бендови „Архангел“ и „Сет“.
Зоран Костадиновски и Џоле Максимовски се дел од инструменталниот бенд „Kабадајас“. Тие создаваат музика, која е фузија од етнозвуци, фанк, драменбејс и џез.
За вечерашниот настап тројцата музичари имаат подготвено богат репертоар на џез-музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.