Руската федерална служба за безбедност ќе го засили следењето на блогерите што се критички насочени кон власта, со помош на систем што ќе ги групира во база на податоци секојдневните коментари на конкретни теми, објави весникот „Известија“.
Весникот, повикувајќи се на близок извор на службата, наведува дека веќе постои таков систем за следење. Администрацита не губи време и врши проверка на овој дел од работењето на професионалните програмери, наведува весникот.
Објавен е конкурс за развој на централизиран систем, што ќе собира податоци од интернет. Определен е максимален буџет од 31,8 милиони рубли, околу 700.000 евра.
Базата на податоци ќе содржи имиња на граѓани со негативен став кон власта, а секојдневно ќе се врши систематизирање на објавените текстови поврзани со претседателот, неговата администрација, премиерот или, пак, опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.