| четврток, 6 декември 2018 |

Бил прогонуван и следен – од страв предизвикал сообраќајка

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело насилство,против Х.Б. (35) од Гостивар вработен како лице кое вршел обезбедување.

На 3 август околу 21,00 часот во Гостивар во два наврати насилнички се однесувал, кон Р.М. (43) односно грубо го навредувал, лично и со неговото возило го следел, му го попречувал патот и го туркал неговото возило, со што покрај тоа што предизвикал чувство на несигурност и страв, со ваквите дејствија предизвикал и сообрајќна незгода.

По неговото пронаоѓање од страна на полицијата истиот бил приведен и задржан во ПС Гостивар каде бил извршен разговор, па потоа бил пуштен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top