| четврток, 6 декември 2018 |

Денес финале на војната за „Фершпед“: Штерјо или Кираца?

sterjo-nakov

Во текот на денешниот ден ќе биде познато дали ќе има промени во структурата на менаџментот во компанијата „Фершпед“. Вонредното акционерско собрание, кое се одржува во Охрид, е закажено за во 11 часот. Засега дел од мнозинските акционери не сакаат да коментираат каков ќе биде резултатот . Во телефонски разговор за „Фактор“, претседателот на Надзорниот одбор на „Фершпед“, Штерјо Наков, изјавил дека не сака да коментира ништо додека не заврши собранието, но кратко одговорил дека очекува позитивен резултат во негова корист.

 

Застапникот на странскиот фонд „Квест инвестмент“, Венцислав Гушев, кој, исто така, не сакаше да коментира за резултатот од собранието, изјави дека очекува на денешното собрание да се разјаснат многу работи поврзани со работата на компанијата и да се се средат состојбите во акционерското друштво.

Распоредот на силите е Наков заедно со неговите синови поседува 25 проценти од акциите во „Фершпед“, Драгослав Димевски пет проценти, странскиот фонд „Квест инвестментс“ околу 2,85, и по продажбата на ауделот на Трајковска 11,90 проценти од акциите во „Фершпед“ има „Консалтинг инвестментс син“.

kiraca trajkovska

„Фершпед“ важи за една од најголемите шпедитерски компании во земјава, која свој удел има и во други бизниси. Неодамна синот на Наков, Сашо Наков стана член на Управниот одбор на фабриката за вафли, чоколади и бомбони „Европа“, со мандат од четири години. Минатото лето компанијата „Фершпед“ го зголеми учеството во „Европа“ со купување на 9.489 акции и има 3,71  проценти од акциите во оваа фабрика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top