Американскиот потпретседател, Џо Бајден, го повика лидерот на автономниот курдски регион на северот на Ирак да соработува со властите на Ирак и Турција во решавањето на спорот со нафтата во таа област.
Бајден телефонски разговараше со претседателот Масуд Барзани истиот ден кога неговата регионална Влада објави дека почна да испраќа суровини во Турција.
Ирачката Влада и етничките Курди во северен Ирак веќе долго се во спор поради правата на користење нафтени извори.
Белата куќа соопшти дека Бајден го повика Барзани да разговара со Владата во Багдад и да го разреши овој спор.
Бајден оваа недела исто така двапати телефонски разговараше со ирачкиот премиер Нури ал-Малики и еднаш со претставникот на сунитите во ирачкиот Парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.