Актуелнииот американски потпретседател, Џозеф Бајден можеби ќе биде новиот шеф на дипломатијата доколку на претстојните претседателски избори победи Хилари Клинтон. Медиумите анализираат дека Бајден би бил одличен министер, а со тоа и би ја заокружил повеќедецениската кариера како сенатор и потоа два мандати како потпретседател на САД.
Изборниот штаб на Клинтон иако е фокусиран на кампањата, големо време и енергија посверува на убедување на Бајден да ја прифати понудата.
Бајден и до сега имал дипломатски мисии. Во август бешпе во Летонија на самитот на НАТО, каде ги убедуваше партнерите дека изјавите на Доналд Трамп се ирелевантни. И самиот неколку пати повторил дека би сакал да остане во новата администрација за да придонесе на „домашната и надворешна политика“. Доколку тоа не се случи, Бајден вели дека можеби ќе напише книга.
Во таборот на Клинтон, покрај на Бајден, се размислува во евентуалнито состав на администрацијата да се најдат и Талбот Строб и Николас Бернс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Моника Левински открила сочни детали за сексот со Бил Клинтон: Ми делеше комплименти но кога отидовме во бањата…
-
Најпознатата љубовница открила како го завела претседателот: Му ги покажав гаќичките
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании