| четврток, 6 декември 2018 |

Екс-возач на Формула 1 осуден на казна затвор

eddie-irvine1

Поранешниот возач на Формула 1, Британецот Еди Ирвајн, заработи шестмесечна казна затвор во Италија поради тепачка во еден ноќен клуб која се случила во 2008 година.

Ирвајн во ноќниот клуб во Милано се степал со Грабриел Морати, син на тогашниот милански градоначалник, кој, исто така, добил шестмесечна затворска казна, а двајцата од тепачката излегле со полесни повреди.

Бидејќи одлуката не е правосилна, адвокатот на Морати изјавил дека не верува оти неговиот клиент и Ирвајн ќе завршат во затвор, а ги демантирал и медиумските написи дека тепачката се случила поради девојка.

Ирвајн мина девет сезони во Формила 1, а настапуваше за тимовите на Џордан, Ферари и на Јагуар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top