| четврток, 6 декември 2018 |

„Легендата за Херкул“ и „Нико 2 – мал брат, голема неволја“ од денеска во „Синеплекс“

Од сликовитата приказна на грчката митологија за судирите на смртниците и боговите создадена е приказната за филмот „Легендата за Херкул“, филм за натприродната и легендарна историја на младиот човек кој се соочува со својата судбина.

Синеплекс од денеска прикажува уште два нови наслова „Легендата за Херкул“ и „Нико 2 – мал брат, голема неволја“.

Херкул во својата младост се вљубува во прекрасната Хеба, но неговиот татко ги разделува објавувајќи дека принцезата ќе се омажи за Ификло. Херкул го планира своето бегство и женидба, но го заробуваат чуварите на кралот Амфитрион и го испраќаат во војна во која треба за загине. Избегнувајќи ја смртта Херкул се здружува со соборецот Сотирис во племенитата борба за ослободување на кралството од Амфитрионовата тиранија, преземајќи ја од брата си својата вистинска љубов и заземајќи го своето место како најголем грчки јунак.
– Приказната за Херкул влијаеше на бројни денешни херои – било да се во форма на стрип, модерна книжевност или на филм, секаде можете да најдете некоја негова нишка. Тој низ историјата беше најголемиот суперјунак. Но, со овој филм не сакав да го прикажам како гигантски мускулест маж кој има натчовечка сила, туку Херкул како младич кој мора да се соочи со сопствениот идентитет. Мора да се помири со тоа кој е. Во срцевината на нашата приказна е љубовната приказна која ги прикажува неговите човечки емоции – вели режисерот Рени Харлин.

За најмладите е анимираната авантура на ирвасот Нико „Нико 2 – мал брат, голема неволја“. Младиот ирвас Нико потајно сака да ги смири својата мајка и таткото-херој за повторно да бидат семејство. Еден ден, мајката ќе го изненади Нико: ќе го запознае со новото момче, обичен ирвас по име Лени, кој ќе се всели кај нив со неговиот син Џони.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top