За да се намали бројот на нерегистрирани возила, од почетокот на годинава МВР воведе ново правило кои веќе е во сила, а кое предвидува секое регистрирано возило да носи лепенка. Лепенките се задолжителни за секое новорегистрирано возило од почетокот на годинава.
Во соопштението на МВР се наведува:
„Од почетокот на годинава, односно од 01.01 почна со примена Правилникот за формата, содржината, кавалитетот и начинот на поставување лепенка за извршена регистрација“ (Сл. весник на Република Македонија бр.99/13). Тоа значи дека секое новорегистрирано возило (од посочениот датум) добива лепенка за извршена регистрација којашто задолжително се лепи на внатрешна или надворешна страна на возилото, со што визуелно ќе може да се утврди дека возилото е регистрирано, доколку истата има важност.
Во согласност на член 2 од Правилникот лепенката за 2014 година е со црвена боја, а во согласност со член 3 од истиот правилник со римски броеви од I до XII се обележани месеците од календарската година.
Инаку, целта на ова новина е во насока на намалување на бројот на нерегистрирани возила кои учестваат во сообраќај на јавен пат.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Со новиот закон се воведуваат еколошки налепници, еве како ќе се категоризираат возилата
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи