| четврток, 6 декември 2018 |

Мистер гаф 2013 – Лапсус лингва како белег

2013 го­ди­на ќе би­де за­па­ме­те­на ка­ко го­ди­на на по­ли­тич­ки лап­су­си и га­фо­ви. Жи­ри­то за из­бор на гаф на го­ди­на­та ќе има те­шка ра­бо­та, во игра за ти­ту­ла­та се мно­гу лап­су­си и не­про­мис­ле­ни акти, по­ве­ќе од сто­ти­на, но проб­ле­мот на су­ди­и­те ќе им го на­ма­ли еден факт – нај­до­бри­от дел од нив се на ед­на, единс­тве­на лич­ност...

70-Lapsus-lingva-1

Че Гевара се борел против апартхејдот, Мандела против Пиноче?!

Ер­не­сто Че Ге­ва­ра е цр­нец?! Или е бе­лец? Си­те го зна­е­те ви­стин­ски­от од­го­вор на пра­ша­ње­то, но ди­ле­ма­та за бо­ја­та на не­го­ва­та ко­жа ди­рект­но ја на­мет­на еден од нај­до­бри­те во пра­ве­ње га­фо­ви во зем­ја­ва. Ја отво­ри со ед­но­став­на кон­ста­та­ци­ја – нар­ко­бо­со­ви­те и кар­те­ли­те би­ле ка­ра­кте­ри­сти­ка и не­при­кос­но­вен бе­лег на Јуж­на Афри­ка. Следс­тве­но на тоа – Че Ге­ва­ра или дру­га­рот Ге­ва­ра (во пре­вод), кој е од Јуж­на Аме­ри­ка (ама во свет­ски рам­ки, не и на Би­ха­ќка), по таа ло­ги­ка, кол­ку и да е чуд­на, е цр­нец. Иста­та таа не­во­о­би­ча­е­на ло­ги­ка со бо­ја­та на ко­жа­та го на­мет­ну­ва фа­ктот де­ка Нел­сон Ман­де­ла бил бе­лец од Јуж­на Аме­ри­ка, бо­рец за сло­бо­да кој им кон­три­рал на ди­кта­то­ри­те од овој кон­ти­нент – си­гу­рен факт кој се на­мет­ну­ва со ед­но­став­на­та про­ме­на на те­зи­те и исто­ри­ја­та за слу­чу­ва­ња­та во све­тот.

70-Lapsus-lingva-1-2

По ова но­во, ори­ги­нал­но пи­шу­ва­ње на исто­ри­ја­та и сло­бо­до­ум­но пре­и­на­чу­ва­ње на фа­кти­те за свет­ска­та рас­пре­дел­ба на сте­ре­о­ти­пи­те, ве­ру­ва­ле или не, сле­ду­ва де­ка Че Ге­ва­ра се бо­рел про­тив апарт­хеј­дот, а Ман­де­ла про­тив јуж­но­а­ме­ри­кан­ски­те ди­кта­то­ри. Што е след­но? Авгу­сто Пи­но­че, нај­ве­ро­јат­но, е по­ра­не­шен ди­кта­тор од Јо­ха­нес­бург, кој се за­ме­рил со Сал­ва­дор Ал­јен­де, поз­нат зу­лу врач и пле­мен­ски ста­ре­ши­на, и го по­бе­дил со пле­мен­ски во­ен пуч во 1973 го­ди­на, по што Ал­јен­де се са­мо­у­бил?!

На­та­мош­на­та ло­ги­ка на но­во­и­сто­ри­ска­та при­каз­на во­ди кон след­ни­от факт, од кој би се из­не­на­ди­ле и за­мис­ли­ле и нај­го­ле­ми­те ква­зи­и­сто­ри­ча­ри и твор­ци на за­го­во­ри и но­во­и­сто­ри­ски при­о­ди – Ер­не­сто Ра­фа­ел Ге­ва­ра де ла Сер­на (ка­ко што гла­си не­го­во­то це­лос­но име), прог­ла­сен за еден од два­е­сет­те најв­ли­ја­тел­ни лу­ѓе во ми­на­ти­от век, всуш­ност, бил цр­нец кој се бо­рел про­тив апарт­хеј­дот на бе­ли­те ко­ло­ни­сти… Ту­ка, ве­ру­ва­ле или не, има и спој­на ни­шка со те­о­ри­и­те од Би­ха­ќка – Че Ге­ва­ра еден пер­и­од се бо­рел и во Кон­го, да исто­то и единс­тве­но Кон­го – она во Афри­ка, во чиј со­став е и Јуж­на Афри­ка.

 

Невиден пресврт во македонската книжевна историја

70-Lapsus-lingva-2Нај­до­бри­от во пра­ве­ње га­фо­ви во 2013 го­ди­на не за­ста­на ту­ка, тој го про­ме­ни и те­кот на ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра и неј­зи­на­та исто­ри­ја.

И до­де­ка кни­жев­ни­те исто­ри­ча­ри и ден-де­нес се рас­пра­ва­ат да­ли Сла­вко Ја­нев­ски е ви­стин­ски автор на пр­ви­от ма­ке­дон­ски ро­ман или, пак, тоа е Ста­ле По­пов, тој пре­се­че и јав­но истак­на де­ка ни­кој од нив не е во пра­во. За вол­ја на ви­сти­на­та и спо­ред ка­жа­но­то, „Се­ло зад се­дум­те ја­се­ни“ не се бо­ри со „Кр­пен жи­вот“ за при­ма­тот на ро­до­на­чал­ник на овој ма­ке­дон­ски ли­те­ра­ту­рен жанр. Би­тка­та за пр­ви­от ма­ке­дон­ски ро­ман е еле­гант­но ре­ше­на, се ра­бо­те­ло за со­се­ма нов ро­ман, кој до­се­га ни­кој не го ни­ту зна­ел, ни­ту ви­дел, ни­ту про­чи­тал. Откри­ти­е­то на ве­кот во ма­ке­дон­ска­та кни­жев­на исто­ри­ја е ро­ма­нот „Се­ло под се­дум ја­се­ни“. Исто­ри­ча­ри­те и ли­те­ра­ти­те во исти­от мо­мент за­молк­наа, це­лос­но за­ше­ме­те­ни од но­ви­от мо­мент. До­пол­ни­тел­на те­жи­на му да­де са­ми­от автор на епо­хал­но­то откри­тие, кој во след­на­та ре­че­ни­ца истак­на де­ка ток­му ова де­ло нѐ на­пра­ви­ло Ма­ке­дон­ци. Не­за­вис­но што 90 про­цен­ти од гра­ѓа­ни­те на оваа пре­крас­на зем­ја не го про­чи­та­ле ни­ту ви­стин­ско­то де­ло на Ја­нев­ски, а си­гур­но 50 про­цен­ти не ни чу­ле за ори­ги­нал­но­то „Се­ло зад се­дум­те ја­се­ни“. За „Се­ло под се­дум ја­се­ни“, пак, не слуш­нал ни­кој, ба­рем до 4 ју­ли 2013 го­ди­на, да­ту­мот на бом­ба­стич­но­то ин­терв­ју во чии рам­ки се обе­ло­де­ни оваа но­ва ин­фор­ма­ци­ја, есен­ци­јал­на за ма­ке­дон­ска­та кни­жев­на и на­ци­о­нал­на исто­ри­ја. Исто­ри­ја­та, ба­рем во све­тот, нај­че­сто ја пи­шу­ва­ат по­бед­ни­ци­те, а во Ма­ке­до­ни­ја че­сто и га­фо­ви­те.

 

70-Lapsus-lingva-3

Гинеколозите и психолозите останаа со усни широко отворени…

На­пи­ша­но­то најм­но­гу би му при­ле­га­ло на Стен­ли Кју­брик, но и тој не би мо­жел да изре­жи­ра ол­ку до­бар филм. По­ли­ти­ча­ри­те, пак, би оста­на­ле за­мис­ле­ни со го­ле­ма до­за за­вист во се­бе од сопс­тве­на­та не­у­кост, нас­про­ти го­ле­ми­на­та на поз­на­ва­ње­то на би­о­ло­ги­ја­та, пси­хо­ло­ги­ја­та, ги­не­ко­ло­ги­ја­та и си­те ас­пе­кти на се­ксу­ал­ни­от жи­вот од стра­на на нив­ни­от ко­ле­га. Уште при пр­ви­от на­стап ка­ко прв чо­век на го­ле­мо­то опо­зи­ци­ско се­мејс­тво, на­ши­от ми­стер гаф 2013 мо­ра­ше да ги по­ка­же сво­и­те нед­вој­бе­ни во­ка­бу­лар­ни ква­ли­те­ти и бо­гат реч­ник. Ед­но­став­но и без нај­а­ва ги за­ко­па сво­и­те по­ли­тич­ки про­тив­ни­ци со ед­на, единс­тве­на кон­ста­та­ци­ја – до­де­ка си­те дру­ги око­лу нас без проб­лем го оде­ле европ­ски­от пат и на­пре­ду­ва­ле во евро­ин­те­гра­ци­и­те, ние сме би­ле фри­гид­ни?!

За­та­и­ја и поз­на­ва­чи­те од оваа бран­ша, оста­наа за­тек­на­ти и за­мис­ле­ни или, на­род­ски ка­жа­но, со отво­ре­ни усти. Се­пак, ба­рем во ре­ал­но­ста, оваа не­са­ка­на по­ја­ва кај жен­ски­от пол е по­ве­ќе те­шко­ре­шив пси­хо­ло­шки откол­ку ги­не­ко­ло­шки проб­лем. И до­де­ка во све­тот фри­гид­но­ста се об­јас­ну­ва ка­ко тер­мин што се упо­тре­бу­ва за оз­на­ка на емо­тив­но-се­ксу­а­лен проб­лем, т.е. се­ксу­ал­но на­ру­шу­ва­ње кое се со­стои од нес­по­соб­ност за се­ксу­ал­но воз­бу­ду­ва­ње или за до­жи­ву­ва­ње ор­га­зам кај же­ни­те, од­нос­но, спо­ред со­вре­ме­ни­те сфа­ќа­ња, по­им кој е по­ве­ќе­крат­но ус­ло­вен од пси­хо­ди­на­мич­ни при­чи­ни и за чие ле­че­ње е по­тре­бен се­ри­о­зен, дла­бин­ско-пси­хо­ло­шки трет­ман, на­ши­от го­ди­на­шен по­бед­ник му нај­де ме­сто во по­ли­ти­ка­та. Нај­но­ва­та де­фи­ни­ци­ја на фри­гид­но­ста, ба­рем од ју­ни 2013 го­ди­на, е ед­но­став­на, кра­тка и од­лич­но со­ста­ве­на. Не­ма ни­ту збор за же­ни, секс или за ор­га­зам. На­јед­но­став­но – де­фи­ни­ци­ја­та за фри­гид­но­ста, из­вор­но ка­жа­но, е „зна­е­те ка­де бев­ме, а зна­е­те ка­де сме се­га“. Спо­ред пос­лед­ни­те ин­фор­ма­ции, оваа те­за е во сѐ по­че­ста упо­тре­ба, во свет­ски рам­ки, во нај­ед­но­став­но­то об­јас­ну­ва­ње на па­тот на евро­ин­те­гра­ци­и­те…

 

70-Lapsus-lingva-4

Биологијата на испит – Колку татковци може да има еден човек?

Очиг­лед­но, не е лес­но да има­те мно­гу или по­ве­ќе та­тков­ци. Та­мам си­те по­мис­ли­ја де­ка по си­те но­ви откри­ти­ја на по­ле­то на исто­ри­ја­та, кни­жев­но­ста, пси­хо­ло­ги­ја­та и евро­ин­те­гра­ци­и­те, на­ши­от Ко­лум­бо ќе се сми­ри, тој мо­ра­ше да го раз­др­ма и све­тот на ме­ди­ци­на­та и на би­о­ло­ги­ја­та. Во свој стил, тој го на­мет­на нај­се­ри­оз­но­то пра­ша­ње во ге­не­ти­ка­та, мо­же ли чо­век да има по­ве­ќе та­тков­ци, а да не е плод на д-р Фран­кен­штајн? Ди­ле­ма­та во на­уч­ни­те кру­го­ви оста­ну­ва отво­ре­на. И две не­де­ли по ова откри­тие, по свет­ски­те цен­три за ге­не­ти­ка се чув­ству­ва са­мо молк и страв од нез­на­е­ње. И тие ка­ко и си­те прет­ход­но оста­наа за­тек­на­ти од откри­ти­е­то, за кое мис­ле­ле де­ка тре­ба да ми­нат ве­ко­ви и ве­ко­ви истра­жу­ва­ња за да се дој­де до ед­на та­ква ге­нет­ска ре­во­лу­ци­ја. Но­ва­та ве­ќе ши­ро­ко­рас­про­стра­не­та фра­за од се­то ка­жа­но на­ве­ду­ва – кол­ку та­тков­ци, тол­ку ви­сти­ни, уште по­ве­ќе исто­рии, ама свет­ски… Откри­ти­ја, од­дел­но… За чич­ков­ци и да не збо­ру­ва­ме…

 

70-Lapsus-lingva-5Фројд – Лапсусот е премин на потиснатите желби на површина

Об­јас­ну­ва­ња за лап­су­си­те има мно­гу, на нив го­лем дел од сво­е­то вре­ме по­тро­шил и поз­на­ти­от Сиг­мунд Фројд. Од не­го е про­из­ле­зен и тер­ми­нот „фрој­дов­ска гре­шка“, спо­ред кој, всуш­ност, го ка­жу­ваш тоа што го мис­лиш, а си го по­тис­ну­вал. Кој знае што сѐ мис­лел авто­рот на на­ве­де­ни­те га­фо­ви.

На­уч­но об­јас­не­то, фрој­дов­ска гре­шка е ко­га мис­лиш на ед­но, а ка­жу­ваш дру­го, ве­лат свет­ски­те поз­на­ва­чи на со­стој­би­те. Гре­шки­те во го­во­рот или лап­сус лин­гва (Lapsus linquae) се свес­но или не­свес­но от­ста­пу­ва­ње од очиг­лед­но на­ме­не­та­та фор­ма на из­го­вор. Мо­же да се ра­бо­ти за слу­чај­ни, спон­та­ни гре­шки при про­дук­ци­ја­та на го­во­рот или за на­мер­ни гре­шки со одре­ден, ху­мо­ри­сти­чен ефект. Фрој­дов­ска­та гре­шка, пак, поз­на­та ка­ко па­ра­пра­кса, прет­ста­ву­ва гре­шка во го­во­рот, се­ќа­ва­ње­то или пре­зе­ме­на­та фи­зич­ка актив­ност или дејс­тво. Се сме­та де­ка на­ста­ну­ва под сил­но вли­ја­ние на не­кои не­свес­ни мен­тал­ни про­це­си и сил­но по­тис­на­ти жел­би, мис­ли и на­ме­ри кои са­ка­ме да ги за­др­жи­ме са­мо за се­бе. Спо­ред Сиг­мунд Фројд, си­те го­вор­ни гре­шки и т.н. лап­су­си се од упад на по­тис­на­ти­те идеи кои пре­ми­ну­ва­ат од не­свес­но­то во свес­но­то и из­ле­гу­ва­ат на по­вр­ши­на…

Текст објавен во 70. број на неделникот „Република“, 3.01.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top