| четврток, 6 декември 2018 |

Трилингот од Вардар, Дибиров, Чипурин и Растворцев, остави празнина во руската ракометна репрезентација

Трилингот на Вардар, Дибиров, Чипурин и Растворцев, нема да настапи за руската ракометна репрезентација, а според изјавите што доаѓаат од таборот на популарните „баќушки“ тоа е голем хендикеп за добар пласман на ЕП во Данска. Русија е во тешка група, со актулениот европски вицепрвак Србија, со опасната Полска и со еден од главните фаворити за златото, Франција.

– Многу ќе ни недостигаат Дибиров, Чипурин и Растворцев од Вардар и, секако, Максимов. Тие се мошне значајни ракометари за нас – вели голманот Вадим Богданов.

Дибиров е во кавга со селекторот на Русија, Кулешов, и одлучи да не игра, слична одлука донесе и Чипурин, а Растворцев е повреден. Сепак, еден вардарец ќе има во составот на руската експедиција во Данска. Горбох, кој потпиша за македонскиот шампион до 2018 година, но сѐ уште не пристигнал во редовите на Вардар, ќе игра за Русија. Со него еден од адутите за добар пласман на Русија ќе биде и Павел Атман, бомбардерот на Металург.

– Нема апсолутни фаворити во Данска. Нашата група е тешка, но ќе играме на победа против сите. Франција и Русија имаат проблеми со повредите, но нема отстапување – вели Атман.

И Македонија е во слична ситуација, нѐ сардисаа повреди и проблеми, но целта останува да се мине првиот круг во конкуренција на Данска, Чешка и Австрија. Интересно е што со Русите можеме да играме само во мечеви за пласман или во евентуалните натпревари за медал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top