| четврток, 6 декември 2018 |

Меколи Калкин има „Пица бенд“

culkin-1_621998S1

Некогашната дете-ѕвезда на филмот „Сам дома“, Меколи Калкин, го сними својот прв видеоспот за една од трите преработки на песни на „Велвет“.

Неговиот бенд „Пица андерграунд“, кој е основан во 2012 година, оваа недела го промовираше и првото видео.

Бендот на Калкин досега сними три пародии „All the Pizza Parties“, „Pizza Gal“ и „Take a Bite of the Wild Slice“, чии оригинали се песните на Лу Рид и „Велвет“: „All Tomorrow’s Parties“, „Femme Fatale“ и „Walk on the Wild Slide“.

„Пица андерграунд“ наскоро тргнуваат и на турнеја низ САД.

Видеото може да го погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top