Вашингтон побара Атина да го врати в затвор Христодулос Ксирос, кој заедно со своите браќа, дел од екстремистичката група „17 Ноември“ е одговорен за убиство на 23 лица- дипломати полицајци и бизнисмени.
Меѓу нив се и петмина службеници на американската мисија во Атина. Ксирос дејствувал од 1975 година до 2000 година. Сега 56-годишниот бил главен убиец во „17 Ноември“, за што е осуден на шест доживотни пресуди затвор. Сега исчезнал по одобреното новогодишно отсуство, кога во понеделникот не се јавил во полициската станица на Халкидики.
Според неговиот адвокат, бегството е во согласност со неговите политички убедувања.
– Ова е цивилно бегство од затво што е во согласност со сфаќањето на Ксирос за слободата – додал адвокатот додавајќи дека немал контакт со него.
Случајот предизвика Министерството за правда да ги преиспита одредбите за отсуство од затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


