| четврток, 6 декември 2018 |

Канада ќе гради поларен автопат, единствен во светот

Во Отава е соопштено дека Канада почнува со изградба на поларен автопат, кој ќе биде единствен во светот.

Патот ќе биде долг 137 километри и ќе го поврзува Инувик на југ, со Туктојактуком на арктичкиот брег на север. На почетокот на изградбата во Инувик присуствуваше и канадскиот премиер Стивен Харпер.

– Со тоа се остварува визијата, која уште во 60-тите години на минатиот ја иницираше тогашниот премиер Џон Дифенбенкер, потсети Харпер и додаде дека со изградба на автопатот ќе се подобри животот на луѓето на север, ќе се унапреди економскиот развој и ќе бидат отворени нови работни места – изјавил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top