| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина загинати во експлозија во Јапонија

division_img_03Најмалку петмина загинале, а десетина се повредени во силната експлозија во јапонска фабрика за хемикалии. Експлозијата се случила додека се поправал грејач во делот за изработка на силиконски продукти. Фабриката „Јокаичи“ е дел од „Мицубиши материјали“, произведува соларни панели и автоделови, а работи со полимери изработени од силикон, хидроген и од хлор. При експлозијата немало оган, па набрзо состојбата е контролирана. „Мицубиши материјали“ произведува широк спектар на производи од автоделови до компјутерски чипови, за што работат над 22.000 работници низ цел свет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top