Манчестер сити гази опасно во Англија, а вечерва со нова шестка го почести Вест Хем во првиот полуфинален дуел од Лига купот. Со 6-0 Сити го прегази ривалот од Премиер Лигата и мирно го чека реваншот во Лондон.
Шпанскиот ас Негредо постигна три гола и потврди дека е екстра-класа шпиц и дека Манчестер сити има неколку извонредни офанзивци. Со два гола се истакна и Џеко, а еден погодок постигна и Јаја Туре.
Со новата победа со реализирани 6 погодоци на еден меч, Сити стаса до ѓаволската бројка 666, одоносно веќе има три натпревари сезонава на кои постигнува по 6 погодоци. Против Тотенхем во ноември популарните „Граѓани“ славеа со 6-0, потоа го победија и Арсенал со 6-3, а сега одново шестпати ја тресеа мрежата на противникот.
За да биде подвигот уште позначаен, Манчесте сити има уште еден натпревар во кој ја надмина и бројката од 6 гола, против Норич на почетокот на ноември, кога беше забележана уверлива победа од 7-0.
Во првиот дуел од второто полуфинале, вчера, Сандерленд го изненади Манчестер јунајтед на свој терен со победа од 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)